Џенифер Лопез има преубаво тело, изгледа подобро од многу помлади колешки, во кревет е ненаситна, и никогаш не и е доста од секс, неодамна се пофалил нејзиниот нов дечко, Каспер Смарт.
Каспер е еден од танчерите на убавата пејачка. Заедно тие ги покажале своите најдобри потези на Американските музички награди. Каспер танцувал топлес и го покажал своето набилдано тело, додека Џенифер била облечена во проѕирно трико со златни орнаменти.
Додека ја пеела песната “Оn the Floor” на сцената и се придружил раперот Питбул (30). Џеј Ло му покажала што значи кога жена ќе ти го помати умот со сензуални движења. Со газето му ги триела препоните, додека тој стоел позади нејзе. Раперот целосно уживал во приказната дека Џенифер го заведува и се “попалил како млад мајмун”. На бината бил само половина минута, но било повеќе од доволно да “побудали” и да покаже колку е жешка Џенифер Лопез.
http://www.youtube.com/watch?v=JrRkmn0V8ls