“I don’t know how she does it” е новиот филм, во кој се случува една љубовна романса помеѓу Сара Џесика Паркер и Пирс Броснан. Но, се јавија шпекулации дека на повидок е нова љубовна романса и надвор од рамките на снимањата. Иако официјално тие се само во професионални односи, актерскиот пар разменувал симпатии и нежности. Сара Џесика Паркер, ѕвездата од “Сексот и градот”, зад себе го има бракот со актерот Метју Бродерик од кого се разведе минатата година. Со него го има синот Џејмс и близначките Марион и Табиту, кои ги доби со помош на сурогат мајка. Сега останува само времето да покаже дали овие шпекулации се вистина.