На суд заради пеење серенада! И романтиката се казнува…

popara15 септември, 20111min00
serenada

Дека швеѓаните не се најромантичната нација на светот покажува и фактот дека 50 годишен швеѓанец ќе се најде пред суд затоа што пеел серенада под прозорот на неговата поранешна девојка.

Швеѓанецот е уапсен затоа што свирел гитара и пеел песна од Боб Дилан под прозорот на неговата „бивша“, со надеж дека повторно ќе ја освои со таков романтичен гест. 50 годишниот романтичар дури повикал пет свои колеги, кои облечени во одела, пееле како пратечки вокали.

Планот на несреќниот швеѓанец не успеал, бидејќи неговата поранешна девојка, наместо да биде трогната од неговиот гест, ладнокрвно повикала полиција.

Според нејзината изјава за полицијата, нејзиниот поранешен дечко и се заканувал на неа и на нејзиното сегашно момче. Па дечки, внимавајте кому му пеете серенади, зашто може да завршите во затвор :)))

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag