На 23-ти септември во Америка ќе започне да се прикажува новиот филм на Бред Пит- Moneyball, кој е базиран на вистинска приказна. Оваа спортска драма се одвива околу Били Бин (Бред Пит), менаџер на Оукленд во главната безбол лига во Америка, кој создал победнички тим, и покрај малиот буџет, користејќи статистички информации за да пресмета кои се најдобри, а воедни и најефтини играчи за да ги доведе во неговиот тим.
Во споредните улоги се појавуваат Робин Рајт Пен, Џона Хил и Филип Сејмур Хофман. Режисер на филмот е Бенет Милер, за кого ова е прв филм по „Capote” во 2005, во кој во главната улога беше Филип С. Хофман. Сценаристи се Стивен Заликан и Арон Соркин.
Трејлерот може да го погледнете овде: