Нацистичкото минато на Hugo Boss

popara9 октомври, 20111min00
8

Периодот на национал-социјализмот и денес фрла сенка на многу фирми и институции во Германија. Веќе во последните години, се повеќе и повеќе се соочуваат со своето нацистичко минато. Една од нив е и познатата фирма Hugo Boss.

Хуго Бос беше обичен кројач, кој по Првата светска војна во 1933-та во Метзинген отворил кројачка фирма со околу 30 вработени. Во 1931-ва година и Hugo Boss почнува да ја чуствува светската финансика криза. Понудата на национал-социјалистите да им призведува униформи, дојде во вистински момент. Истата година Boss се зачленува во нацистичката партија.

Историчарот Роман Кестер, од Бундесвер Универзитетот во Минхен истражувал за нацистичкото минато на Хуго Бос низ архивите, документите, разговарал со сведоците: „ Ако ги следите понатаму стапките на кариерата на Хуго, ќе видите дека тој станал член исклучиво од економски причини. Мора јасно да се истакне дека тој бил нацист. И тоа што тој станал член на партијата уште од 1931-ва година, сигурно не му штетело. Во тоа тој сигурно бил уверен.“

Во 1931-ва година Boss произведува униформи за паравојните организации СС и СА и за Хитлеровите подмладоци (Хитлерјугенд). Hugo Boss таа задача ја споделува со многу други фирми насекаде низ Германија. Освен тоа, Boss продолжува со производство на нормална работна облека и кошули.

„ Тоа се менува од 1938 година кога повторно се внесува задолжителниот воен рок и оттогаш Boss произведува само воени униформи и униформи за Вафен-СС. Фирмата имала околу 300 вработени, секако профитирала од национал-социјалистите, меѓутоа, се уште не бил „голема риба“ во индустријата за изработка на униформи“, вели Роман Кестер.

Благодарение на нацистичките потреби, Hugo Boss се шири, и станува фирма од средна големина. Вработува 140 принудни работници.

Во процесот на денацификација во 1945-та година, фирмата е означена како „ преоптеретена со нацизам“, но имала право да продолжи со работењето.

Основачот на фирмата не го доживеал транзитот на својата фирма во светска марка. Хуго Бос умира во 1948 година во својот роден Метзинген, а работата ја превземаат неговите синови.

Шеесетите години Boss преоѓа на производство на машки одела, со што овој концепт од фирмата створил глобален играч.

Фирмата Boss последниве неколку години е соочена со тужби во врска со нацистичкото минато. Хеирдис Керенбах, од одделот за комуникација во Boss, вели дека, откако е продадена, фирмата заедно со семејството Boss и онака нема никакви врски:

„Тоа сигурно е незгодно за фирмата, а од друга страна, новите сопственици го продолжуваат работењето под истото име. Па со оглед на тоа, треба да се соочи со тие тужби, поради тоа нарачавме студија на која целта и е да каже: погледнете, со сожалување мораме да кажеме дека своевремено се случи тоа што се случи. Денеска сме ние една друга компанија и едноставно ве замолуваме да не гледате во минатото.“

Соочување со минатото е процес кој се уште трае и сигурно не е завршен, нагласуваат во Boss. Следните години ќе има сигурно додатни, интерни истажувања.

Hugo Boss не е единствена фирма која последните неколку години дала налог да се изработи независна студија за начистичкото минато.

Семејството индустријалци Квант, кое е меѓу останатото сопственик на поголемиот дел акции за производство на автомобилите од марката BMW , дури оваа година прекинаа со молчењето и признаа дека вработувале стотици принудни работници и соработувале со нацистичкиот режим.

Deutsche bank од еден од своите институти во 1999 си порача студија за давањето кредити во нацистичката ера. Покрај останатото, со кредитите на Deutsche bank финансирана е изградбата на концентрацискиот логор Аушвиц.

И политичките институции, како што е Министерството за надворешни работи, го преиспитаа своето минато. Резултатите од истражувањето покажуваат дека и во педесетите и шеесетите години во таа државна институција работеле многу дипломати со нацистичко алиби.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag