За прв пат Британските истражители се сретнаа со португалските власти за да се донесе одлука за повторно покренување на истрагата за исчезнувањето на малата Меделин Мек Кејн.
Се работи за тим на експерти од Скотланд Јард кој е посебно формиран за овој случај. Документите за случајот се веќе превземени од Португалците и во моментот се бараат нови траги.
Девојчето било последен пат видено во едно португалско одморалиште пред четири години. Фамилијата е благодарна на ново покренатата истрага и вели дека тоа им дава нова надеж дека нивната ќерка ќе биде пронајдена.