Норвежанецот кој “лета” низ планините тврди дека од него нема побрзо човечко суштество.
Еспен Феднес се занимава со необичен спорт – во костим со “крила” скока од врвовите на планините, а камерата која ја прикачува на главата сето тоа го бележи за потоа “летечкиот норвежанец”, снимките да ги постави на YouTube.
Тој својата дисциплина ја нарекува “паѓање со стил”, а неодамна скокнал и од Стрин, пролетал низ клисурата и вкупно поминал повеќе од еден километар во пад. Се проценува дека во пад се движи со брзина од 150 милји на час.
Видеото “Чувството на летање” е прегледано повеќе од 300.000 пати. Погледнете го и Вие!