Композиторот и пијанист Саи „Псичак“ Манапрагада успеа да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најбрзиот пијанист на светот, односно како сопственик на рекордот за најмногу стиснати клавиши на пијано во една минута.
Манапрагада ја обезбедил титулата пред повеќе од 1000 роднини и пријатели на хуманитарниот концерт посветен на Санкара Ај Фаундејшн, која се залага за искоренување на слепилото кое се лекува до 2020 година.
Виртуозот успеал да стисне неверојатни 669 клавиши за една минута, го сруши претходниот рекорд од 498, кој го постави унгарецот Балаз Хаваши во 2009 година во музичката академија во Будимпешта.
За да се утврди точниот број на удари, Манапрагада бил сниман, а снимката потоа била пуштена во бавно движење за да се направи официјално броење на ударите.