Британката Рози Џонс е носител на новиот Гинисов рекорд во најбрзо соблекување и облекување на градник.
Натпереварот во оваа необична дисциплина ја организирал британскиот таблоид “Сан” во своите простории, а Рози победила откако својот градник го облекла и соблекла седум пати во рок до една минута.
Во дуел еден на еден, Рози ја победила Беки Рул, уште еден експерт за соблакање на градници.
“Всушност е многу по комплицирано отколку што изгледа – сакам ова луѓето да го знаат”, вели Рози, чиј резултат се најде во Гинисовата книга на рекорди.
“Рацете ми се тресат , рамениците ми се тресат и мускулите ми се потечени. Но горда сум што успеав да влезам во книгата на рекорди”, додава Рози.