Најчести грешки кои ја уништуваат врската

popara13 декември, 20111min00
vrska

Почетокот на врската е интересен период на заљубеност, но што се случува кога работите ќе стивнат и ќе помине некое време. Тоаш работите се менуваат, партнерите се опуштаат, но тогаш се прават и грешки кои може да ја уништат врската. Еве неколку работи кои најчесто ги уништуваат врските:

Родителска улога: Често жените од улога на љубовница превземаат улога на мајка. Му купуваат облека, го дотеруваат, го критикуваат, го пеглаат, му готвад, односно ја превземаат улогата што дотогаш ја имала нивната мајка.

Заедничко користење на тоалет: Некои работи едноставно треба да останат приватни, а на врвот на листата се наоѓа заедничкото одење во ВЦ (ова не вклучува жежок секс под туш).

Претерано криткување: Откако ќе поминете подолго време заедно си земате за слобода да го критикувате партнерот, но запомнете, никој не сака критики упатени на негова сметка.

Дебелина:И жените и мажите се опуштаат во врската и се здебелуваат, бидејќи имаат чувство дека го пронашле својот идеален партнер и дека тој/таа ќе ги сака без оглед на тоа како изгледаат.

Гушење: Ако поминувате премногу време заедно, ќе згасне страста, па затоа пожелно е да излегувате одвоено, да се дружите одвоено и секој да има време за себе и своите потреби без другиот да му префрла за тоа.

Недоволно секс: Во долгите врски нормално е поретко да имате секс, како и тој да прерасне во рутина. За да не ве снајде тоа, обидете се постојано да бидете иновативни и да испробувате нови идеи кои ќе го направат возбудлив вашиот сексуален живот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag