Полин Потер има дури 330 килограми, а нејзиниот маж само 64 кг, но во нивниот случај, големината дефинитивно не е важна.
Нејзината дебелина им го спасила бракот. Всушност, Алекс пред три години одлучил да ја напушти Полин. Меѓутоа, и се вратил на својата голема љубов кога видел дека таа ставила уште 128 килограми, по нивниот развод.
“Најголемата грешка во мојот живот е што ја оставив и што мораше да стане најдебела жена на светот за јас да сфатам колку ја сакам. Без оглед ан тоа што другите мислат, Полин е одлична во кревет. Подобра од сите други жени со кои сум спиел. Кога се смиривме, водевме љубов шест пати во денот”, се пофалил Алекс.
“Нашиот секс е многу опасен. Креветот може да пукне и може да настрадаме”, додава Алекс.
Без оглед што за својот маж таа е најдобра, Полин сепак одлучила малку да ослабне. За почеток ќе симне 100 килограми за да може барем да оди, пренесуваат британските медиуми.