По американските медиуми секој ден се шпекулираа кој е виновен за крајот на бракот помеѓу Крис и Ким.
Еден од тие кои најверојатно е на мета на нивните фанови е и блискиот пријател на Ким Кардашијан, Џонатан Чебану.
Според TMZ, Џонатан го напуштал дуќанот на Ким и се упатил кон неговиот автомобил, во тој момент непознат човек му истурил цела вреќа со брашно врз неговата глава и лице.
“Ова е за Крис Хемфрис,” извикал непознатиот човек.
Верувале или не, спорот помеѓу Џонатан и Крис трае веќе подолго време. Крис јавно на телевизија го нарекол Џонатан, Геј, а овој веднаш решил да го тужи.