Оваа сезона модата оди во различни правци, особено кога станува збор за палтата и капутите. Имате огромен избор, затоа добро размислете и изберете го она што вам ви одговара.
Бидејќи капутите се дел од зимската гардероба, најдобро е да изберете капут во неутрална боја, иако одличен избор се и капутите со принтови или во силни нијанси. Оваа сезона се модерни капути изработени од различни комбинации на материјали кои се навистина интересни, затоа не се плашете да „излезете од шемата“ и да изберете некој необичен дизајн.
Погледнете ги овие интересни идеи кои ќе ви помогнат да се одлучите за вашиот капут за оваа сезона: