Најголем мозаик од автомобили во светот

popara2 октомври, 20111min00
ginis

По повод 100 годишнината од основањето на компанијата за автомобили Шевролет, нејзините менаџери решија да направат неверојатен подвиг – тие го направија најголемиот мозаик на автомобили во светот, кој влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Мозаикот беше презентиран на забавата одржата во Шевролет фабриката во Јужна Кореа, каде на компанијата и беше доделен и сертификатот за гинисов рекордер. Мозаикот е во форма на крст, што всушност е знакот на Шевролет.

За мозаикот биле потребни 32 професионални возачи, 1143 автомобили Шевролет (Спарк, Круз, Орландо и Каптива) и шест часа детално испланирано местење.

На коктел забавата присуствувала целата бизнис елита на Јужна Кореа, а бил приреден и спектакуларен огномет.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag