Најголемата чоколада на светот:) тешка 5,8 тона :))) Аман бе :)))

popara14 октомври, 20111min00
cokolado

Британската компанија “Thorntons” го направила најголемото чоколадо на светот кое е тешко скоро 5,8 тона.

Ова џиновско чоколадо е тешко 5.792 килограми, а на свеченото претставување присуствувале и претставници од Гинисовата книга на рекорди.

Димензиите и се 4 x 4 метри, има 29 милиони калории, и еквивалентна е на бројот 72.406 стандардни чоколади од оваа компанија (една тежи 80 грама).

Ова чоколадо го сруши рекордот на американската компанија “World’s Finest Chocolate”, која во септември направила чоколадо тешко 5.445 килограми.

Компанијата го изработила ова џиновско чоколадо за да одбележи 100 години од своето постоење.

На чоколадото се работело со месеци, а 50 работници биле ангажирани кога се извршувала последната финална “операција” полевање на чоколадната маса во калуп. За оваим биле потребни 10 дена, а чоколадото се ладело наредните три дена.

Идејата за гигантското чоколадо и соборувањето на рекордот на претходното е од работникот на кому инспирација му бил филмот “Чарли и фабриката за чоколади”.

Како што велат претставници на компанијата, чоколадото ќе биде пресечено со секира, па ќе биде поделена на работниците и пуштена во продажба. Парите ќе бидат донирани во добротворни цели.

http://www.youtube.com/watch?v=XEqJeFQy5c0&feature=player_embedded

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma