Хуманитарната организација Проџект Андеркавер успеа да влезе во Гинисовата книга на рекорди откако ја направи најголемата чорапа на светот.
Станува збор за чорапа со димензии 9.93 метри Х 6,86 метри Х 2,49 метри во кремаста и кафена боја. Со овој подвиг организацијата го промовираше својот план да им подари долна облека, пелени и чоњапи на околу 40.000 сиромашни деца.
За изработка на рекордната чорапа биле потребни 183 метри платно и 12,802 метри конец, а самата чорапа била изработена со помош на индустриски машини за шиење.
Од Проџект Андеркавер се надеваат дека со овој подвиг ќе успеат да го промовираат својот проект и да соберат финансиски средства за негова реализација.