Лиза Кортни од Велика Британија е вистински љубител на Покемон. Таа влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголем колекционер на Покемон играчки во светот.
Лиза е колекционер на Покемон играчки веќе 14 години, а нејзината колекција вклучува неверојатни 14 410 различни играчки, кои потекнуваат од Велика Британија, САД, Франција и секако Јапонија. Лиза досега неколку пати отпатувала за Јапонија само за да ја зголеми своата колекција.
Лиза вели дека Покемон играчките се нејзина страст во животот и дека се надева дека ќе успее да собере барем половина од вкупниот број на играчки посветени на овој легендарен цртан лик.