Во овие жешки летни денови, наместо хамбургер сите ние преферираме добра шопска салата или таратор салата. Што е она што толку не освежува од овие салати??? Краставицата, се разбира. Овој зеленчук е богат со минерали и е одличен за нашето здравје и за нашата линија.
Ви ја претставуваме најдолгата краставица на светот која е одгледана во Клер Пирс, Велика Британија во 2010 година. Според Гинисовата книга на рекорди, краставицата е долга неверојатни 119.38 сантиметри, а нејзините производители тврдат дека не употребиле никакви супстанци за зголемување на плодот.
Е ова е краставица дојстојна за мезе со убава кавадаречка ракија.