Големата куќа на дрво во близина на Кросвил, во американската држава Тенеси, која е направена да се потпира на едно дрбо, наскоро и официјално ќе биде прогласена за најголема куќа на дрво и ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Се проценува дека за изградбата на оваа куќа потребни биле четри милиони шајки, за да биде доволно стабилна. Изградбата на куќата започнала како хоби на Хорак Бургес во далечната 1993 година, откако добил знак од Бога. Овој самоук столар од тогаш непрекинато работи на куќата и кажува дека се уште не е целосно готова.
Куќата е висока скоро 100 метри, има десет ката, вклучувајќи светилиште, кошаркарско игралиште, скриени патеки, стрмни скали и пентхаус кој столарот го изградил за својата сопруга.