По повод светскиот ден на Гинисовите рекорди, компаниите Рибок и Кросфит, во соработка со лондонските уметници „3Д Џо и Макс“ го создадоа најголемиот 3Д цртеж на светот.
Цртежот, кој се наоѓа во Вест Индија Квеј во Лондон, е со површина од неверојатни 1160,45 метри квадратни и е долг 106,5 метри. Со овојцртеж тие го соборија птерходниот рекорден 3Д цртеж на кинескиот уметник Кви Џикнва, со површина од 892,15 метри квадратни.
Од Рибок и Кросфит велат дека цртежот е создаден за да ги инспирира луѓето да водат здрав живот и да вежбаат.
„Сите знаат дека фитнесот е важен, но многу луѓе не се физички активни. Партнерството со Кросфит има за цел да ги инспирира луѓето и да им понуди уникатно фитнес искуство“, вели Рис Фроио, претставни на Рибок.