Најголемиот омлет на светот направен во Турција

popara16 декември, 20111min00
worlds-biggest-omelette2

Со намера да се промовираат јајцата како здрава и ефтина храна, како и со цел да се прослави Светскиот ден на јајцата, познати турски готвачи се собраа да го направат најголемиот омлет на светот, кој стана рекордер и во Гинисовата книга на рекорди.

Во овој подвиг учествуваа 60 познати турски готвачи, кои успеаа да направат омлет со дијаметар од неверојатни 10 метри. За да се подготви омлетот беа потребни 432 литри масло за јадење и дури 110 010 јајца, како и 2.5 часа напорна работа.

Гигантскиот омлет тежи неверојатни 4,4 тони, со што го собори претходниот рекорд од 3,625 тони, и тоа со разлика од скоро еден тон. Откако беше регистриран во Гинисовата книга на рекорди, омлетот беше послужен на илјадниците посетители кои беа дојдени да го проследат овој настан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag