За да го прослават светскиот ден на Гинисовите рекорди, група ирци организираа собир на луѓе облечени како леприкорни, митски суштества од келтската митологија.
На собирот, кој се одржа во Даблин, Ирска, се собраа 262 лица од сите возрасти облечени во зелени костуми, препознатливата боја на леприкорните.
„Веруваме дека рекордот за леприкорни треба да биде поставен во Ирска, затоа што Ирска е татковината на леприкорните. Многу ни е драго што успеавме да го срушиме претходниот гинисов рекорд кој беше поставен во САД и да го вратиме рекордот во Ирска“, изјави еден од организаторите на настанот, Дерек Муни.