Најголемите феномени во светот – втор дел

popara17 октомври, 20111min00
haunted-lighthouse

Трепкав дух

Зборовите “Flimmern” и “Geist” се германски зборови, а нивниот превод е трепкав-дух или трепкав-водич. Овој необјаснет феномен првпат бил опишан од страна на алхемичарот Јакоб Бохме во 16-от век како способност да се види таинствени фигури од аголот на окото. Општо земено, овие суштества се појавуваат во вид на трепкање, внатре и надвор од периферното видно поле на лицето, кои се појавуваат како хуманоидни, темни и брзи. Всушност, секое лице во текот на својот живот, понекогаш има видено брзи и подвижни сенки, од аголот на нивното видно поле, но кога ќе се свртат за да видат повеќе, се губат овие сенки.

Научниците објаснуваат дека овој феномен претставува “трик на очите”, но не успеваат да објаснат како и зошто се случува. Можно е дека овие необјаснети сеништа се само халуцинации на мозокот како што се обидуваат да го објаснат, но други веруваат дека во оваа маргинална зона на очите, умот е во состојба да ги исперципира ваквите паранормални димензија.

Оние кои се обучени да го набљудуваат овој феномен го опишуваат како нејасни контури, кои лесно можат да бидат лошо исперципирани како – суштества облечени во темна облека. Кон крајот на 16-от век поради суеверие овие духови кои трепкаат биле поврзани со смртта и биле персонифицирани со смртта – темна маскирана фигура што трепка, внатре и надвор од видното поле на луѓето, само неколку секунди пред смртта.

Според некои најнови учења, овие духови кои трепкаат, се на некој начин водичи кои ја водат човековата душа во задгробниот живот. Реалноста е дека никој не знае зошто и како поединци можат да ги види овие работи, но не постои сомнеж дека милиони луѓе не ги виделе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag