Најголемите феномени во светот, кои не се предизвикани од човекот! – петти дел

popara20 октомври, 20111min00
5

5) Мистериозни гребнатини

Дали некогаш сте се разбуди наутро и сте забележале дека имате чудна и необјаснета гребнатина или модринка на вашето тело и на места каде што не можете со своите раце да стигнете. Па …дури и да не ви се случило на вас, на милиони други им се има случено. Всушност, постојат интернет форуми каде што луѓето го опишуваат овој феномен и очајно бараат објаснувања и помош. Доволно е на Google да се побара: “чудни исекотини и гребнатини” или “мистериозни гребнатини по телото“. Во повеќето случаи гребнатините се благи и исчезнуваат за еден или два дена и поголемиот дел од овие случаи никогаш не се медицински регистрирани како болест или заболување, туку вообичаено се регистрираат како повреди кои лицето / пациентот си ги нанел самиот на себе. Други сметаат дека ова се повреди од каснување од бубачки или некаква алергиска реакција па дури и нешто што се случило во текот на денот, а лицето не успеало да го забележи. Обично инцидентот се заборава веднаш штом модринките или гребнатините исчезнаат.

Меѓутоа, постојат лица кои ги отфрлаат ваквите претпоставки. Имало случаи на лица кај кои се појавиле ваквите повреди иако носеле ракавици во кревет додека спиеле, ја дезинфицирале својата куќа, па дури биле на комплетно алерголошко тестирање. Во еден случај, една жена отиде до крајност со цел да го расветли овој феномен – имаше пријателка која ја гледаше додека спиела, но наредното утро сепак се разбудила со нови модринки и гребнатинки. Според нејзината пријателка ништо чудно не се случило, освен во периодот кога “жртвата“ се превртувала во креветот и имала не мирен сон околу 15 минути.

Лекарите се обидуваат да го решат овој феномен со давање на објаснување дека можеби станува збор за заболување на кожата, но ваквите претпоставки сепак не се прифатени. Феноменот опстојува низ вековите и во минатото бил објаснет со “помош“ на демоните – лицата имаат ѓавол на нивниот грб, кој својот гнев го изразува на овој начин или дека станува збор за Божија казна, па дури и средби со вампири или зли дхови. Во некои случаи жртвите известуваат дека покрај гребнатините и модринките имале и други вознемирувачки повреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag