Најголемите феномени во светот, кои не се предизвикани од човекот! – трет дел

popara18 октомври, 20111min00
burdick-r1s

Невообичаени трагите

Дали е возможно да се најдат фосилни отпечатоци од диносауруси и од луѓе на исто тло? Некои луѓе веруваат дека имаат докази за ваква невозможна појава. Археолозите и палентолози како и други заинтересирани аматери имаат откриено стапалки од диносаурус во различни видови на седиментни карпи. Овие отпечатоци се создаваат кога суштество остава отпечаток во мек материјал како што е кал, глина или песок. Доколку овие услови се исполнети тогаш отпечаток е исполнет со истиот материјал, а притоа ја задржува својата форма. Со текот на времето мекиот материјал ги зачувува отпечатоците и се стврднува во камен. Милиони години подоцна овие траги може да се откријат со природна ерозија или ископување.

Нема ништо чудно или необјасниво за овој процес. Сепак, имаше голем број на случаи кога човекови стапалки беа најдени заедно со отпечатоци од диносаурусите – во карпи или камења што датираат од пред многу милиони години и долго време (според одредени верувања) пред луѓето да еволуираат. Нормално, дека ова има создадено голема контрадикција меѓу научниците. Најпознатата локација и една од најкарактеристичните е Палукси локалитетот во близина на Глен Роуз во Тексас, САД. Сепак, некои научници тврдат дека трагите откако биле локалицирани биле модифицирани со цел повеќе да личат на човечки отпечатоци и да привлечат повеќе туристи.

Дополнителни антички стапалки – вклучувајќи ги Бурдик Отпачтокот исто така во Глен Роуз; Меистер Отпечатокот од Антелоп Спринг, Јута; Отпечаток од чевли во Невада како и Отпечатокот од Кафе од Стинет, Тексат. Најпочитуваните палеонтолози ги отфрлаат овие тврдења и ги сметаат за измама или како погрешни толкувања, но притоа се повикуваат на фактот дека голем број на откритија за фосилните трага од стапалки се неправедно отфрлени бидејќи за науката е тешко да ги објаснат, а исто така и се одбива да се спроведе правилна студија за изучување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag