11/11/11 е ден за паметење за многу луѓе, особено за оние кои решија да стапат во брак токму на овој ден, а такви ги има многу. Сепак, главниот град на „коцкањето и забавата“ Лас Вегас овој ден ќе го памети по уште еден гинисов рекорд. Овојпат станува збор за најголемите плишани коцки на светот, кои беа презентирани пред легендарниот знак „Добредојдовте во Лас Вегас“.
Коцките се со димензии 1.2 х 1.2 х 1.2 метри и според организаторите на настанот, ја прикажуваат моќта на Лас Вегас постојано да се менува и да биде дестинација со уникатен стил.
Познавајќи ги сопствениците на познатите казина, сигурно некое од нив ќе организира коцкање со новите коцки – рекордери!