Најголемите нарко босови во светот на сите времиња – петти дел

popara21 октомври, 20111min00
naslovna

6) Manuel Noriega

Пред Saddam Husseinе постоеше Manuel Noriega. Исто како Saddam, и Noriega имаше американска поддршка се додека не се претвори во своеглав сојузник, а потоа пречка, за конечно да стане “непосредна опасност”, поради што мораше да биде соборен. Со инвазијата во 1989 година на Панама од страна на Соединетите Американски Држави, беше отстранат од власт, беше фатен, прогласен за воен затвореник и пренесен во Соединетите Американски Држави. Noriega беше изведен пред судот и обвинет по основ на осум точки за шверц на дрога, рекет и перење пари во текот на април 1992 година. Во септември 2007 година, Noriega  беше осуден на издржување на затворска казна во САД. Инаку своето образование го стекнал на Воената Академија во Лима, Перу.

Во 1989 година генералот беше симнат од власт и заробени за време на операцијата Nifty Package, како дел од инвазијата на САД на Панама. Тој беше прогласен за воен затвореник, а подоцна пренесен во САД. Noriega  избега за време на инвазијата поради што беше распишана потера по него. Тој се закануваше дека ќе започне герилска војна доколку Apostolic Nunciature не му даде азил. Тој беше откриен во Амбасадата на Светиот стол во Панама. Noriega  се предаде на 3 јануари 1990 година.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma