Веројатно најголемата синагога во светот е синагогата Belz Great, во Ерусалим, Израел. Вкупно може да собере околу 6.000 посетители и верници. Изградбата траела повеќе од 15 години.
Втора по големина е Satmar синагогата во Њујорк; со простор за неколку илјади посетители и верници.
Најголемата синагога во Европа е ново изградениот Bratzlav Center на гробот на рабинот Nahman од Брацлав во Уман, Украина; синагогата може да собере до 5.000 посетители и верници.
Синагога во улицата Dohány во Будимпешта, Унгарија; со површина од 1200 m² и висина од 26 m (со исклучок на кулите, кои се 43 m), а може да собере 3.000 посетители и верници.
Храмот Emanu-El во Њујорк, со површина од 3523 m² и простор за 2.500 верници.
Kehilas Yetev Lev D’Satmar (Бруклин); со можност да собере помеѓу 2.000 до 4.000 верници.
Синагога Sofia се наоѓа во Софија, Бугарија, со простор за околу 1.200 верници.
Конгрегација Shaare Zion, ортодоксна сефардска синагога која се наоѓа во Бруклин, Њујорк. Најголемата сириско-еврејска конгрегација во Њујорк. Во текот на викендите ја посетуваат повеќе од 1.000 верници.