Понекогаш судбините на обичните луѓе се понеобични и од сценаријата на најлудите научно фантастични филмови.
Британците Џејсон и Џени Каирнс дури три пати преживеале терористички напади. Тие се нашле во Њујорк за време на нападите во 2001 година. Четири години подоцна престојувале во Лондон кога во метро експлодирала бомба, при што загинале 52 лица.
Третиот терористички напад тие го преживеале во Бомбај кога во експлозија на бомба загинале 173 лица. Тие успеале да го преживеат секој напад и да останат неповредени. Ренџерот Рој Саливан пак, го држи рекордот како човек кој преживеал најмногу удари од гром. Тој бил погоден од гром дури седум пати од 1942 до 1977 година и секој пат во националниот парк Шенандоа во Вирџинија. Тој се застрелал себеси во 1983 година поради непрежалена љубов.
Шансите некој да биде погоден од гром барем еднаш во животот, се 1:6.250.
Единствената жена на светот која била погодена од метеор е Американката Ен Хоџ. Кобната вечер се случила во ноември 1954 година кога таа одмарала во својата куќа во Алабама кога низ прозорецот влегол метеор и ја погодил во колкот. По несреќата многумина сакале да го купат метеорот, но тој бил запленет од полицијата. Подоцна таа го подарила на Музејот за природна историја во Алабама.
Јапонецот Цуноми Јамагучи бил во Хирошима и Нагасаки кога беа фрлени атомските бомби. Тој ја преживеал првата атомска бомба во историјата добивајќи само опекотини по што следниот ден се вратил во Нагасаки. По два дена Американците ја фрлиле и другата атомска бомба во Нагасаки.
Хенри Зигланд во 1883 година ја раскинал врската со девојката која, по очигледно болното раскинување, се убила.
Нејзиниот брат сакајќи да се освети, пукал во Зигланд, а по нападот извршил самоубиство. Куршумот кој бил наменет за Зигланд, го заобиколил и завршил во некое дрво. Зигланд по 20 години истиот куршум од дрвото го добил во главата. Сакајќи да го сруши дрвото кое му го спасило животот, поставил динамит за да го уништи, по што куршумот излетал од дрвото и го погодил во глава.
Извор: Нетпрес