Најголемите терористички напади за кои е обвинета Ал Каеда

popara11 септември, 20111min00
alkaeda

Десетгодишнината од терористичкиот напад на Њујорк и Вашингтон, во САД се дочека со екстремни безбедносни мерки, а американскиот државен секретар Хилари Клинтон, предупреди дека можни се нови напади.

Листата на терористички напади за кои е обвинета Ал Каеда:

Октомври 1992 година – напад на американските војници во Могадишу, Сомалија, 18 жртви

Јуни 1994 година – Бомба во шиитско светилиште во Иран, 27 жртви

Јуни 1996 година – Камион со експлозив уништи зграда на американската база во Саудиска Арабија, загинати 19 американсци, 386 ранети

Август 1998 година – Две бомби речиси истовремено експлодираа во амбасадите на САД во Кенија и Танзанија, загинаа најмалку 224 луѓе, главно африканци, а ранети беа стотици други

Октомври 2000 година – самоубиствен напад во Јемен, загинати 17 американски морнари и десетици ранети

11 Септември 2001 година – Напад на Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон во Вашингтон, 3000 жртви

Април 2002 година – Бомба во синагога во Џерба, Тунис, 21 жртва

Октомври 2002 година – Бомба во клуб во Индонезија, 202 жртви.

Мај 2003 година – серија експлозии во Казабланка, Мароко, 45 жртви

Мај 2003 година – серија експлозии во Ријад, Саудиска Арабија, 35 жртви

Ноември 2003 година – бобма во синагога во Исламабад, Турција, 57 жртви

Февруари 2004 година – бомба на брод, Филипини, 116 жртви

11 март 2004 година – експлозии, десет бомби на главната железничка станица во Мадрид и во два воза, загинати 192 лица, ранети повеќе од 2000. Нападот во Мадрид се смета за најтежок чин на тероризам кој се има случено во Европа

Мај 2004 година – Напад на странски работници Кобар, Саудиска Арабија, 22 жртви

Јули 2005 година – бомба во одмаралиштето Шарм ел Шеик, Египет, 88 жртви

Јули 2005 година – напад на подземната железница во Лондон и автобус, 56 жртви

Април 2007 година – Експлозија на бомба во автомобил во Алжир, загинати 33 лица

Декември 2009 година – напад за време на церемонија на доделување дипломи во хотел во Могадишу, Сомалија. Убиени 22 студенти по медицина, доктори, новинари, а меѓу жртвите и три министри од сомалиската влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag