Најголемото знаме во светот ќе се вее во Таџикистан:)

popara12 октомври, 20111min00
102388

Над Душанбе, главниот град на Таџикистан, од пред извесно време се вее најголемото знаме во светот со големина од 1800 квадратни метри, на височина од 165 метри, па така Таџикистан влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Столбот од челик го изградил американецот Дејвид Чемберс од компанијата “Trajdent Saport”, со седиште во Дубаи. Столбот, на височина од 54 ката, од Дубаи во делови бил пренесен со бродот преку Иран, а потоа со камиони до крајната цел Таџикистан.

Чемберс изјавил дека е во прашање највисокиот столб во светот. “Кога подигаме толку масивни градби на клиентите секогаш им  кажуваме дека тоа не го градиме за да влеземе во Гинисовата книга на рекорди, туку тоа го правиме за земјата и нејзиниот народ”.

Граѓаните на Таџикистан се задоволни што нивната земја го има најголемото знаме на светот, бидејќи, како што кажал еден студент, го крева моралот на народот.

Сепак, други мислат дека тоа е екстравагандна идеја, и дека сиромашна земја како што е Таџикистан не може да си дозволи ваков луксуз.

Локалениот блогер Зафар Абдалајев изјавил дека знамето чинело три и пол милиони долари, а обележувањето на 20 годишнината од независноста на  Таџикистан чинела 210 милиони долари. Тој додал дека Таџикистан со години имаа прекини на електричната енергија, и дека знамето цело време без прекин го осветлуваат голем број на рефлектори.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag