Најмистериозни тајни друштва

popara5 септември, 20111min00
2 slobodni zidari

Иако повеќето тајни друштва се основани заради  реални  политички и религиозни цели, нивното инсистирање да останат мистични и во тајност предизвикува безброј критики и теории на завери.

Слободни ѕидари

Масоните се едни од највлијателните братски друштва во светот. Нивниот број изнесува околу пет милиони членови. Според научниците организацијата е основана 1717 година, меѓутоа постојат и документи кои потврдуваат дека нивното постоење датира од 14 век. Организацијата преставува братство од членови кои делат односно имаат исти филозофски, политички интереси, идеи и цели. Наизглед безопасните активности на организацијата се под постојан притисок на критичарите. Теориите на заговор долго време говорат за окултните обреди на слободните ѕидари, за таа цел се основани голем број на политички групации кои даваат отпор на масонската организација. Окултните обреди се жестоко критикувани и од сите верски заедници. Со своите голем број на членови и различни ложи раширени па целиот свет, модерните масони не делат исти универзални обреди, како што тоа било во минатото. Она што останало карактеристично за сите нив е нивниот симбол во различни варијации (на симболот се препознатливи шестарот и линијарот), како и единствениот обред што кај сите масонски групи останал универзален и константен, е регрутирање на нови членови. Новиот член го предлага некој кој е веќе масон, а секој нов член мора да пројде низ 3 различни степени, пред да достигне ниво на мајстор(масон). Членовите на масонските друштва имаат и посебни правила на меѓусебно поздравување, вклучувајќи го ракувањето, гестикулации и шифри и на нивните состаници се забранети сите оние кои не се масони. Познати масони низ историјата се: Винстон Черчил, Марк Твен, Хенри Форд, Бенџамин Френклин и др.

Илуминати или слободни мислители

Приказните за илуминатите често можеме да ги сретнеме во литературата, филмовите и документарните емисии. Организацијата е основана во Германија кон крајот на 18 век. Во исто време ќленовите на групата се преставуваат себеси како просветени слободни мислители. Многумина во тоа време набрзо почнале да се противат на организацијата. Според нив организацијата била составена од дисиденти кои имале за цел рушење на власта. Наскоро и ги обвиниле дека тие ја предизвикале Француската револуција. Групата на илуминати била растурена, меѓутоа не можело да се спречи влијанието на илуминатите врз политичките и општествените движења во тоа време. Илуминатите дејствувале од сенка. Тоа се случува и ден денес. Модерните теоретичари на завери сметаат дека Илуминатите успеале да преживеат, и истите денес делуваат како опасна влада во сенка. Тие се оние кои управуваат со светската економија и политика, и постојано се борат за одржување на светскиот поредок онаков каков го познаваме. Познати личности кои нам ни се познати, многумина од познавачите ги ставаат во групата на Илуминати се: семејството Буш, Барак Обама, Владимир Путин и многу други познати личности на водечки позиции во своите држави. Службениот симбол на илуминатите е пирамидата на чиј врв се наоѓа око опкружено со зраци. Споменатиот симбол е дел на доларот, официјалната банкнота на САД.

Друштвото на студенти од Јеил „ черепи и коски„ 

Друштвото на студенти од Јеил „ черепи и коски„ е најпозната студентска организација во светот. Организација е позната по тоа што секоја пролет примаат нови членови и тие членови се само мажи. Меѓу членовите кои биле дел од оваа група се споменуваат познатите претседатели на САД синот и татко Буш, моментални сенатори, судии на врховни судови. Овој факт многумина од конспираторите ги наведува да размислуваат дека оваа група делува како некој вид на подземна организација во остварување на политички цели. Нема сомнеж дека друштвото е многу богато. Членството во ова друштво не е тајна, но нивните обреди и активности се непознати за пошироката јавност. Она што се знае е дека се состануваат 2 пати неделно, но она што се случува зад затворените врати никој не знае. Познат е случајот во кој поглавицата на племето Апачи, тврди дека костурот на Џеронимо е во посед на Организацијата. Она што никој не може да го потврди и останува само шпекулација е веста дека новите членови при влезот во одбраното друштво треба да се исповедаат за својот интимен живот и на тој начин ги добиваат и своите прекари по кои ќе бидат препознатливи. Исто така постои шпекулација кој никој не ја потврдува дека Буш постариот имал прекар Магог, што преведено на јазикот на „ черепи и коски„ преставува човек кој имал многу жени во животот. Колку никој не знае!!!

Синовите на слободата 

Синови на слободата е име на грапа дисиденти кои постоеле во Америка пред граѓанската војна. Тие не се тајно друштво во буквална смисла на зборот. Станува збор за помали групи на патриоти раштркани по колониите кои се соединиле заради заеднички цели. Она што се знае е дека се состанувале во Бостон, под еден исто дрво (брест – листопадно дрво) кое било познат под името Дрво на слободата. На тоа место ги договарале акциите на отпор, кои вклучувале делење на летоци и организирање на терористички напади врз тогашната власт. Најпозната активност која ја има во историските записи е „Бостонската акција“ кога членовите на оваа организација облечени како индијанци со помош на динамит потонале товарни бродови на бостонското пристаниште.

Друштвото Тула

За голем број на тајни организации се говори дека имаат зли намери, Организацијата Тула го потврдуваат тоа мислење. Создадена во Германија по завршувањето на Првата светска војна, оваа организација се занимавала со окултизам, но набрзо се трансформирала во организација  која ја промовирала идеологијата за Ариевската раса. Нејзините расистички ставови во однос на Евреите и другите малцинства што постоеле во Германија, брзо се прошириле низ јавноста не само во државата туку и пошироко во светот. Во 1919 година друштвото се трансформира во политичка организација, аверувале или не Адолф Хитлер станал нивни член. Тој набргу ја превзема власта во партијата, и дава нов предзнак како Нацистичка партија на Германија. Опседнатоста со големината на Ариевската раса како и лошите економско политички услови во Германија успеваат да го донесат Адолф Хитлер на власт… а подоцна сите знаеме што следуваше!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag