Доналд Горске од Висконсин, САД го носи светскиот рекорд за „Биг Мек“ ентузијаст, односно го држи светскиот рекорд за најмногу изедени хамбургери од МекДоналдс.
Горске досега има изедено преку 25.000 хамбургери. Во 2008 година тој го изеде својот 23.000 хамбургер, што му донесе место во Гинисовата книга на рекорди. Овој гурман вели дека хамбургерите од Мекдоналдс претставуваат 90% од неговата исхрана.
Горске има 58 години, а во последните 37 години од својот живот тој секојдневно јаде хамбургери исклучиво од МекДоналдс. Е тоа ти се вика лојалност кон еден бренд!!!