Најмултифункционалното џебно ноже во светот

popara7 септември, 20111min00
naslovna

Швајцарското џебно мултифункционално ноже, кое е тешко речиси 1,5 килограм влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдобро опремено ноже, со дури 87 алатки, и истовремено 141 функција.

– Генерално, при правењето на ножето употребен е секој додаток што некогаш бил ставен во ваков швајцарски нож, вели Џенифер Вос, претставничка на компанијата „Венгер Норт Америка“, од Оринџберг, која е дистрибутер за ова ноже.

Ножот има повеќе од десет сечива, пили и скалпели, исто толку шрафцигери, чепкалки, отворачи, приврзоци, лупи, турпии, но и ласерско светло и батериска светилка. Содржи и клуч наменет само за отворање часовници и шрафцигер специјално направен за местење на нишанот на оружјето. За исклучително надарените градинари, има и неколку алатки за калемење на растенијата. Ножот, производ на швајцарската фирма „Венгер“ од Делемон во Швајцарија, има димензии 22 со 8 сантиметри и е преголем за повеќето џебови.

Цената на ова ноже изнесува 810 евра и поради фактот што првенствено е на мета на колекционерите, досега се продадени 450 примероци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag