И покрај разните гласини, Италиjанскиот портал macitynet.it тврди дека ја знае конечната форма на Ајфон 5. Постојниот модел , Ајфон 4 ставен во футролата за најновиот Ајфон 5 покажува големи разлики.
Најновиот Ајфон ќе биде далеку потенок ама затоа пак поширок!
Според фотографиите на кои се Ајфон 4 и Ајпод Тач-от во „футролата за Ајфон 5“ се гледа голема разлика во димензиите, па доколку таа футролата e за најновиот модел тогаш големините многу ќе се разликуваат. Истотака на нив може да се примети дека Ајфон се враќа во својот изворен дизајн.
Сите ние сакаме потенки телефони, но не баш сите сакаме да биде новиот ајфон поширок од претходниот, така?
Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии посетете ја страната на macitynet.it.