Најново за iPhone 5! Холограмски екран, или само научнофантастичен филм?!

popara8 септември, 20111min00
IPHONE-1

Според најновите информации дознаваме дека новиот „iPhone 5“ би можел да има холграмски екран и ласерска тастатура, а тоа би можело да се оствари доколку стручните лица го прифатат советот од фирмата „Атма студио“, која ги претставува новите посакувани иновации за новиот iPhone.

Фановите на оваа позната компанија ги преложија своите идеи за iPhone-от, за тоа како би требало да изгледа нивниот следен производ, и што се би требало да содржи. „Атма студио“ која всушност е Американска фирма за специјални ефекти и 3Д анимации,  креирала едно минутно видео во кое ја презентирала ласерската тастатура и холограмскиот екран. Како и да е, тие современи и напредни функции нема да се најдат на новиот iPhone 5, бидејќи производството е завршено, а продажбата почнува во октомври, па така тие би можеле да го красат новиот „iPhone“ телефон кој ќе влезе во производство за три до пет години.

Луѓето од „Атма“ предлагаат холограмски екран, кој сликата за iPhone-от ќе ја прикажуваат во воздух која ќе има функција на виртуелен монитор. Покрај ова предложуваат и ласерска тастатура која ќе се проектира на (работна) маса пред корисникот и на која типкањето ќе се одвива многу полесно отколку на денешните виртуелни тастатури на мобилните телефони чии екрани се на допир.

–       „ Во Атма сме големи обожаватели на iPhone-от и со воодушевување ја чекаме неговата петта верзија. Во време кога се појавуваат разни гласини за неговите спецификации, сметаме дека не е лошо да ја претставиме нашата визија за иднината“ – изјави Прамод Моди Шантарам, врховниот менаџер на „Атма студио“. Несомнено е дека сите овие новости (сега – за сега) повеќе одговараат за научнофантастичните филмови отколку за реалниот живот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag