Најочекувани албуми за оваа есен

popara7 септември, 20113min00
coldplay1

Погледнете што сè не очекува оваа есен кога станува збор за светската музичка сцена. За вас, ги издвоивме некои од најпознатите артисти и нивните идни планови, а верувајте има уште многу помалку познати музичари кои ги изоставивме од листава за да не ве замараме со непотребно податоци и детали. Но, ова мора да го скенирате:

15. Колдплеј – „Mylo Xyloto“ (25-ти Октомври)

Ова е албум на кој му е судено да биде преплавен со емоции. Траките се доста амбициозни и се занимаваат со големи и длабоки теми, а сето тоа на пазар преплавен со синглови. Со други зборови, романтична приказна во дрска и аргесивна околина.

14. Блинк – 182 „Neighborhoods“ (27-ми Септември)

Две и пол години по повторното соединување на Блинк-182, тие се враќаат со својот прв студиски албум во цели 8 години кариера. На албумот ќе се најде синглот „Up All Night“ кој треба да биде предвесник на успехот што ќе следи за целиот албум.

13. Дрејк – „Take Care“ (24-ти Октомври)

Скоро една година по излегувањето на феноменалното деби на Дрејк – „Thank Me Later“, тој се надева дека овој албум ќе излезе токму на денот на неговиот роденден. Го има истиот продуцент од Лил Вејн, кој е голем експерт во својата работа. Во секој момент треба да излезе и сингл од албумот.

12. Evanescence – „Evanescence“ (11-ти Октомври)

Фронтменот на групата, Ејми Ли изјави дека бендот моментално експериментира со музика која за нив не беше досега карактеристична, а се работи за нивниот 3 студиски албум. Последниов албум излегува после 5-годишна пауза, па сите ги стискаме палците албумот да биде успешен и високо да котира на топ листите.

11. Тони Бенет – „DUETS 2“ (20-ти Септември)

По огромниот успех  на албумот со дуети од 2006 година, Тони конечно ќе го објави и вториот дел, каде овој пат ќе уживаме во неговата умешност да ги спои најголемите вокали во еден албум. На албумот гостуваат артисти од типот на Мараја Кери, легендарната Натали Кол, Кери Андервуд, Нора Џонс, Мајкл Бубле, Шерил Кроу, шпанецот Алехандро Санц, па сè до неповторливиот Андреа Бочели и незаборавната Ејми Вајнхаус. Албум кој мора да се преслуша !!!

10. Глориа Естефан – „MISS LITTLE HAVANA“ (27-ми Септември)

Најпродаваниот латино женски вокал на сите времиња се враќа на сцената со овај албум, овој пат повеќе насочена кон енергични песни измешани со латино ритми, во духот на денешниот тренд. Албунот е во продукција на нејзиниот сопруг Емилијо Естефан и за прв пат, урбаниот продуцент Фарел Вилиам. Тоа ветува многу.

9. Кели Кларксон – „STRONGER“ (25-ти Октомври)

Албумот се најавува уште од мај, така што сите очекуваме поранешниот американски идол да ни го понуди најдоброто од себе.  Ова ќе биде нејзиниот 5-ти албум. Новиот сингл веќе на големо се врти низ американските медиуми и се вика „Mr. Know It All“.

8. Лиен Рајмс – „LADY & GENTLEMEN“ (27-ми Септември)

Сите се сеќаваме на „Can’t Fight The Moonlight“ и другите кантри евергрини на оваа девојка. Рајмс  овај пат, ги преработува старите кантри класици од некои познати машки вокали. Секоја песна е преработена и спакувана во нејзин стил. Единствена нова песна на албумот ќе биде баладата „Give“.

7. Мери Џ. Блајџ – „MY LIFE 2 …THE JOURNEY CONTINUES“ (4-ти Октомври)

За кралицата на хип-хопот можеме да зборуваме цел ден. Нејзиниот глас е незаменлив и таа пак ќе проба да го освои светот со нејзиното ново парче музика. Пред 17 години, Мери го имаше најуспешниот хип-хоп албум „My Life“ и после толку време, одлучи да објави продолжение. Очекуваме Мери да се врати на нејзините корени.

6. Шер – насловот и датумот не се одредени

Ветеранот Шер после долга пауза се враќа на сцената, оваа есен со нов материјал, во стил на денешниот тренд. Првиот сингл ќе го објави за некој ден и ќе биде дует со единствената Лејди Гага и се вика „The Greatest Thing“.  Повторно гледаме како времето за Шер застанало, згодна е и успешна како никогаш досега.

5. Треј Сонгз – „CHAPTER 5“

Треј успеа за кратко време да се искачи меѓу најдобрите r&b изведувачи и да си добие и Греми номинации. Овај албум нема точен датум на премиера, а ќе биде 5-ти албум на Треј во период од само 6 години. За сите фанови на оваа музика, овај албум не смее да се пропушти.

4. Лејди Антебелум – „OWN THE NIGHT“  (23-ти Септември)

Кантри триото после огромниот успех со нивнит последен албум, конечно нудат нешто свежо. Тие се едни меѓу ретките кои успеаа со кантри музиката да се пробијат и надвор од Америка. Иако се под притисок дали ќе имаат сингл успешен како ланскиот „Need You Now“, девојката од бендот одговори дека не размислуваат на таа тема. Албумот зборува за низ што тие поминуваат моментално во животот.

3. Металика и Лоу Рид – насловот и датумот не се одредени

Малку е чудно за вакви музички соработки, но веднаш после нивниот настап на „Rock and Rock Hall of Fame“ во 2009 година, тие велат дека размислувале за ваков проект. Легендите снимиле 10 заеднички песни и би требало да ги објават на почетокот од ноември.

2. Мелани Си – „THE SEA“

Девојката која најдобро пееше од сите 5 Спајс девојки, конечно се враќа на британскиот пазар со нов соло проект, кој ветува многу. Нејзините први два сингла се веќе хитови во Британија, што кажуваат на енергијата која Мелани сеуште ја поседува. Музичките критичари веќе го именуваа како британски албум на годината.

1. Џејсон Деруло – „FUTURE HISTORY“

Дечкото кој се проби на америнскиот пазар со „Wathca Say“ и ги освои нашите срца, за брзо време ќе не изненади со нови песни и албум. Тој е еден од ретките кој успева да ги вклопи попот и хип-хопот со денс музиката. Затоа, албумов не се пропушта. Слушнете ги „Don’t Wanna Go Home“ или  „It Girl“ и сè ќе ви стане јасно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma