Најоткачените паркови во светот :) За некои бизарни, а за некој прекрасни :) Одлучете сами :)

popara19 октомври, 20112min00
parkovi

“Светот на Ферари”, Абу Даби, ОАЕ

Првиот тематски парк на Ферари со површина од неверојатни два милиони квадратни метри. Фановите можат да се тркаат помеѓу себе во Ферари f430 Spider. Паркот е од затворен тип со огромно лого на компанијата кое изнесува во должина точно 200 метри и е поставено на покривот од паркот.

“Suoi Tien Park”, Виетнам

Овој парк се наоѓа на свето место и неговата намена е симулација на будистичкиот рај. Исполнет е со разноразни статуи, гигантски жаби, змеј од 300 тона, 1500 крокодили како симболи на победата, чудовишта и скорпии и многу други митски суштества од подземниот свет.

“Crocosaurus Cove”, Дарвин, Австралија

Овој парк ви ја нуди единствената можност да пливате заедно со големите крокодили, а ве двои од нив само една прозрачна акрилна бариера. Нивната понуда вклучува и лов на мали крокодили како и шопови за автентична крокодилска кожа.

“Џуџестата империја”, Кунмин, Кина

Паркот е изграден во 2009 година во јужна Кина. Ова е навистина неверојатна мала империја создадена од вистински мали човечиња – џуџиња со свој цар и царица кои раководат со парламентот на оваа општина. Тие живеат во минијатурни куќи, а за профит на овој мал свет тие изведуваат костимирани спектакли за стотиците туристи кои буквално го преплавуваат местово секојдневно.

“Grutas Park”, Литванија

Се што ќе видите во овој парк е во знакот на бившиот Советски режим. Преполн е со статуи на советските комунистички  лидери, имитации на караули и ровови.

Забавниот парк “Shijingshan”, Пекинг

На влезот на паркот има голем банер со следниов текст:” Дизниленд е предалеку.” И навистина парков е достојна замена на Дизниленд. Отворен е во 1986 година. Меѓутоа паркот не е ограничен само на легендарните Дизни “икони”, содржи многу повеќе од тоа. Тука ќе ги видите огромните замоци на принцезите од бајките, огромен аква парк и многу други нешта од светот на бајките.

“Harmony Land”, Јапонија

Добродојдовте во маѓичниот свет на слаткото маченце, популарната “Hello Kitty”. Тука се наоѓа славната “Time Machine of Dreams,” каде преку 20 минутна 3Д анимација реално ќе другарувате со слатката Кити.

“BonBon-Land”, Данска

Забавниот парк е именуван по популарната линија дански бомбони со навистина чудни имиња. Цел еден свет само што во минјатура. Цела една архитектура , улици, луѓе, згради, продавници, кафетерии…

“Dickens World”, Англија

Сакате ли од блиску да го видите светот полн со глад, банални акценти и криминалци во бегство, враќајќи се назад во 19-от век? Ќе видите како затвореници бегаат од познатиот затвор Marshalsea и да се фотографирате на начин како тоа го правеле во 19-от век.

“Love Land”, Јужна Кореја

Земјата на љубовта е создана со цел, да ги подучува и советува корејските младенци за брачната љубов. Паровите со помош на експлицитни изложби, љубовни склуптури со секс тематика и филмови сексуално се едуцираат.

“Diggerland”, Англија

Ова претставува огромно градилиште со вистински тешки градежни машини но приспособени така да можат да служат за забава на децата.

“Parque Jaime Duque”, Богота, Колумбија

Паркот е изграден од страна на колумбискиот пионер во авијација, Џејмс Дјук Гризалес како подарок за колумбискиот народ. Градината од склуптури содржи 700 примероци . Меѓу по атрактивните се гигантската “Божја рака” која држи сфера, Седумте светски чуда на античкиот свет во минијатура, гола верзија на Статуата на слободата и многу други.

“Holy Land Experience”, Орландо ФЛ

Туристите во овој забавен парк ја имаат единсвената можност да учествуваат на Тајната вечера со Исус и неговите апостоли.

“Dubailand”, Дубаи

Навистина неверојатно место, кулминација на човечката фантазија и моќ. Тука се наоѓа најголемиот аква парк во светот, реконструкции на пирамидите, висечките градини на Вавилон, Ајфеловата кула, Таџ Махал, кривата кула во Пиза и многу други реконструкции на светските знаменитости.

“World Water Park”, Канада

Ова е најголемиот затворен воден парк во светот со површина од над 20 хектари изграден во 1986 година. Паркот е познат  по големата брзина на нивниот воден слајд-бран наречен “Skyscreamer”. Замислете,  потребното време за патување на слајдерот изнесува само 5 секунди.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag