Најпознатата он-лајн покер компанија е обвинета за проневера на 440 милиони долари

popara21 септември, 20111min00
FullTilt2007-03-11

Операторот на веб портаслот Full Tilt Poker е обвинет за проневера на пари во висина од 440 милиони долари кои биле наменети за членовите на одборот и сопствениците, изјавиле во вторникот од канцеларијата на американскиот федерален обвинител, пренесува CNN.
Во случајот се теретат компаниите PokerStars и Absolute Poker, и двајцата славни покераши Хауард Ледерер и Кристофер Фергусон, дека учествувале, но исто така и профитирале од измамата, изјавиле од канцеларијата на државниот обвинител во Њујорк.
Како што е наведено во обвинението, кое е поднесено во април годинава, Full Tilt Poker и неговиот одбор со помош на Ледерер и Фергусон, излажале голем број на он-лајн играчи, известувајќи ги дека нивните сметки се спремни и заштитени на он-лајн сметките и дека корисниците средствата можат да ги добијат во секое време.
Меѓутоа, Full Tilt Poker си ги користел тие пари за свои потреби, и немал доволно средства да ги исплати сите он-лајни грачи. Компанијата парите ги користела за исплата на плати на своите членови на одборот, но и на сопствениците на компаниите, каде што од април 2007 година, проневериле повеќе од 440 милиони долари.
Американскиот федерален обвинител побарал казна за перење пари и конфискација на сите средствата остварени во пирамидалната проневера. Обвинет е еден член на одборот на Full Tilt Poker,  Рејмонд Битар, и уште 10 други лица кои помогнале во измамата со нелегално коцкање и перење на пари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma