Најпознати партнери во љубов и во бизнис:)) значи тоа било лекооот :))

popara10 октомври, 20111min00
1

Пјер и Марија Кири, Сартр и Симон де Бовоар, Ричард Бартон и Елзаберт Тејлор, Хамфри Богарт и Лорин Бекол, Џон Ленон и Јоко Оно, Арсен Дедиќ и Габи Новак, Драган Николиќ и Милена Дравиќ…се само дел од низата на големи љубови кои го делеле или делат не само заеднички живот, туку и иста проесија.

Во оваа прилика ќе гои истражуваме двете страни на ваквиот однос: дали спротвностите или пак сличностите се привлекуваат? Колку заедничката професија го помага или го попречува партнерскиот однос? Дали е лесно или пак тешко да работите со некој кој ви е и приватно близок? “Психолошкиот инсајдер” кој одговара на овие прашања е некој кој има долгогодишно искуство во брачна и семејна трапја – психотерапевт Нена Ерцег Чаловски..

“Кога луѓето се во пар, тие разменуваат многу работи – секојдневието, своите искуства кои ги носат од минатото, погледи на задничка иднина”, вели Нена Ерцег Чаловски.

Во овој каталог заеднички стекнатиот имот, каде како дел од заедничкиот инвентар се најде и работата, т.е. професијата – дали секоја врска добива посебен вид на динамика? Ако се работи за  голем корпоративен систем  на пр. –колку таквата состојба на работите може да преизвика посебно оптеретување на партнерите?

Партнерите разменуваат вообичаени, секојдневните работи. Разменуваат искуства кои ги носат од минатото, но имаат и погледи кон заедничка иднина. Ако работат заедно, ако работата им е заеднички проект, ако зборуваме за семеен бизнис, тоа еден вид на динамика, но ако двајцата се вработени во некој голем систем постојат голем број на интеракции, улоги, задачи и тие се сместени во еден посебен однос и тој сигурно се рефлектира и на нивниот меѓусебен однос, приватниот живот, но во средината во која работат. Поентата е во тоа што и останатите нивни колеги и претпоставени луѓе или луѓето на кои тие им издаваат некакви инструкции, исто така ги гледаат како двојка. Тоа може да создаде големи проблеми, а тоа е навистина посебен товар.

Затоа не е случајно што постојат етички – професионални ставови дека не треба да работите со своето семејство на иста работа. Тогаш се случува, тензијата која е нормелна помеѓу партнерите да се пренесува на работа или обратно, проблемите од работа да се пренесуваат на партнерскиот однос и да го оптеретуваат на начин кој не е добар за врската.

Во корпоративната психологија познат е еден од ставовите и советите дека луѓето кои се во блиска семејна релација, не треба да бидат во голем заеднички корпоративен систем.

Колку заедничката работа или професија на партнерите знае да послужи и како рекреативна основа за приватни, лични спорови?

-Луѓето кои на пр. работат на исто работно место, работат на слични задачи често имаат проблеми што се хиерархиски различно поставени, некој е на раководно место, а некој не, и секако дека има и врски ако жената е на раководно место, а мажот не и обратно. Тогаш тоа има врска со нашите социо-културолошки очекувања. Северува подобро за врската или бракот е ако мажот е хиерархиски повисоко од жената, на работа. Но, тоа е само едно-димензионално мислење и животот тоа го негира.Тоа е еден вид на проблем, а другиот е што многу често содржината и проблемите од работа се трансформираат во новни приватен живот и интимност. Како што некогаш и конфликтите и недоразбирањата од новната интимност може да ја преминат границата лично – професионално и да се чувствува и на работата. Тогаш тоа може да биде криза и тогаш често е потребна и советодавна помош.

Дали секогаш е посебна сферата на човечкиот дух – уметноста во овој случај и на оваа тема поднела своја уникатна феноменологија? Колку се покажува креативноста како плоден вид на почва за живот за двајца?

-Да се потсетиме дека луѓето генерално се поврзуваат по сличностите, иако разликите ги привлекуваат, сите сепак се поврзуваат и успеваат преку сличностите. Секогаш квалитетот повеќе се продлабочува преку сличноста отколку преку разликите. Да се потсетиме на Пјер и Марија Кири, тогаш многу луѓе од уметничкиот свет  кои можеби не создавале заедничко дело, но биле во творечки процес паралелно во ист простор и време, тоа е еден од аспектите кој позитивно влијае на нив. Сепак, една е уметноста за која зборуваме, а друго е работата која е врзана за практични работи. Кога сте во овој процес, вметнатите односи со многу други луѓе, тоа е веќе друга димензија. Се чини дека тоа повеќе може да биде оптеретување, отколку нешто што може навистина да ги поврзе луѓето.

Поврзаноста во професионалниот избор на кариера, сигурно допринесува  отворање на репертоарот на теми и некаде може да биде предизвикот и во димензија на добро партнерско разбирање. Сигурно е дека е полесно да разберете луѓе кои работат слични работи, отколку оние кои работат сосема спротивни.

Aко ги земеме во превид многубројните успешни, познати и не ретко повеќе децениски парови од светот на филмот, музката, уметноста воопшто, доаѓаме до заклучок дека ваквиот вид на однос – делбата на приватното, интимното, но и професионалното може да биде сигурен и безбеден рецепт за сеќа?

-Со оглед дека тоа се луѓе кои имаат пред се висок креативен потенцијал веројатно е дека и својот однос го креаирале во добар, креативен, добитен начин.

Со оглед на тоа дека секој вид на генерализација е изразено неблагодарна – што би направиле вие, на основа на долгогодишното искуство во семејната и брачната терапија велат – дали заедничките партнерскиот и професионален здрав живот, е поуспешен за една емотивна врска?

-Тоа навистина зависи од луѓето, зависи работата која ја работат, од нивниот однос, флексибилноста и нивната осетливост да разберат каде се проблемите и како нивниот однос да биде дел од решнието, а не како тоа да го проблематизираат. Мислем дека се соочувате со ризик ако завземете еден и друг став и опасно је да издвоите униварзална дефиниција. Не е едноставно да ограничите во себе кој дел е работен , кој приватен. Таа граница е многу често порозна, а некој кој не го разбира  приватниот живот, не очекувам да го разбере и работниот. И обратно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma