Најпознатите бисексуалци во Холивуд! Бркаат и актери и актерки :)))

popara26 септември, 20112min00
9

Ви ги претставуваме најпознатите холивудски ѕвезди кои досега имале љубовни врски и со мажи и со жени. Дел од „фацки“ одамна се декларираа како бисексуалци, а дел од нив го споделија тоа со светот само пред некое време. Како и да е, им честитаме за храброста што признале и што не решиле да се кријат, како што тоа го прават многу други познати личности.

Меган Фокс: Оваа жешка убавица вели дека воопшто не се сомнева дека е бисексуалка. Но исто така во едно интервју таа вели дека е дволична, затоа што никогаш не би прифатила да има девојка која е бисексуалка.

Ана Паквин: Младата „вампирка“ откри дека е бисексуалка во април оваа година, и тоа со изјавата „Јас сум Ана Паквин и сум бисексуалка. И се грижам“.

Еван Рејчел Вуд: Оваа холивудска дива не прави разлика меѓу мажите и жените: „Сум се вљубила искрено во маж, но сум се вљубила искрено и во жена. Незнам како да го опишам тоа, едноставно е така“.

Пит Венц: Овој познат музичар призна дека се бакнувал и галел со мажи кога бил млад. Сепак, тој вели дека милувањето завршувало до половината, односно дека никогаш не допрел друг машки полов орган.

Меган Мулали: Ѕвездата од „Вил и Грејс“ за себеси вели дека е „целосна бисексуалка“. Иако никогаш немала комплетна врска со жена, таа вели дека е спремна на се доколку се заљуби.

Кристана Локен: Оваа позната актерка вели дека љубовниците ги бира според нивната аура и енергија, а не според нивниот пол.

Ана Хеч: Оваа актерка имаше љубовна врска со Елен ДеЏенерис, но набрзо по раскинувањето таа се омажи. Со маж :)))

Џилијан Мајклс: Оваа жешка девојка, која работи како личен тренер на познатите, вели дека за нејзе е најважно да има „здрава љубов“. Дали е тоа со маж или жена, нејзе не и е важно.

Анџелина Џоли: Најубавата жена на светот вели дека се смета себеси за сексуална личност која ги сака оние со кои има врска, било да станува збор за маж или за жена.

Линдзи Лохан: Оваа проблематична холивудска ѕвезда ги изненади сите кога пред јавноста се појави со својата девојка диџејката Саманта Ронсон.

Били Џо Армстронг: Овој рокер вели дека отсекогаш бил бисексуалец и тоа го смета како прекрасно нешто.

Дру Баримур: Холивудската актерка призна дека сексуално ја привлекуваат и жени во едно интервју за магазинот New Women. „Јас го сакам женското тело. Отсекогаш се сметав себеси за бисексуалка“.

Тила Текила: Оваа ѕвезда во нејзнитото реално шоу прифаќа и мажи и жени кои се борат за незината љубов.

Амбер Роуз: Оваа дива вели дека е многу отворена кога станува збор за нејзината сексуалност. Таа вели дека може да се заљуби и во мажи и во жени.

Лејди Гага: Гага не би била Гага ако не го прави она што многумина не го одобруваат. Пејачката вели дека жените ја привлекуваат само сексуално, и дека тоа ги излудува нејзините момчиња.

Џеси Џеј: Оваа убавица вели дека не се срами од фактот дека имала врски и со мажи и со жени.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag