Минатата година беше одбележана со спектакуларни и долгоочекувани свадби. Започнувајќи од кралски свадба, завршувајќи со помалку луксузни…
Сигурно најспектакуларната свадба беше всушност и најдолгоочекуваната – кралската. Обединетото Кралство, но и многу фанови од целиот свет, одвај ја дочекаа свадбата од бајките помеѓу принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Принцот Алберт Втори од Монако и Шарлин Витсток се венчаа во палатата Грималди. Тоа беше традиционален ритуал што беше пропратен со многу скандали околу вонбрачните деца на Алберт и наводните измами. Сепак, многу медиуми Шарлин ја прогласија за една од најубавите невести.
Гламурозна свадба имаше и Петра Еклестон која се ожени со Џејмс Стант. Прескап фустан, кралска филхармонија, церемонија која се одржа во замок во близина на Рим, додека Андреа Бочели ја отпеа омилената песна на Петра “Time To Say Goodbye”…
Оваа година, се омажи и една од најпознатите модели на денешницата. Свадба на Кејт Мос беше прогласена за најважниот моден настан на годината.
Свадбата на Ким Кардашин, исто така, се наоѓа на годишната листа, но во истата година се заврши и со развод. На гламурозната свадба Ким имаше неколку венчаници, ја подготви најраскошната декорација, но сето тоа не беше доволно за да има среќен крај.