Најпознатите свадбени бакнежи

popara3 септември, 20111min00
prince-william-and-kate-kiss

Ништо не ги запечатува меѓусебните заклетви на чинот на венчавање подобро од свадбениот бакнеж. А, ѕвездите знаат да го направат тоа најдобро и најпривлечно за јавноста. Почнувајќи од нежниот бакнеж на Хемфри Богарт на лицето на неговата сопруга, па до романтичниот бакнеж на Бекамови, ви предлагаме да ја погледнете нашата листа на најпознатите бакнежи на свадбената церемонија.

1. Хемфри Богарт и Лорен Бакал

Нивната свадба беше на 21 мај 1945 година во Менсфилд, Охајо.

2. Пол Њуман и Џоан Вудвард

Венчавката се одржа на 29 јануари 1958 година во хотелот Ел Ранчо во Лас Вегас, Невада.

3. Дејвид и Викторија Бекам

Церемонијата се случи на 4 јули 1999 година во замокот Лутрелстоун во Даблин, Ирска.

4. Џо ДиМаџо и Мерлин Монро

Овој холивудски настан се случи на 14 јануари 1954 година, во гратскиот хол во Сан Франциско, Калифорнија.

5. Џон Фицџералд Кенеди и Каролин Бесет Кенеди

На 21 септември 1966 година оваа двојка се венча во првата африканска баптистичка црква на островот Кумберленд, Џорџија.

6. Принц Вилијам и Кејт Мидлтон

Церемонијата се одржа на 29 април 2011 година во Вестминстер Абеј во Лондон, Англија.

7. Ричард Бартон и Елизабет Тејлор

На 15 март 1964 година оваа позната холивудска двојка се венча во Ритс-Карлтон хотелот во Монтреал, Канада.

8. Елвис и Присила Присли

Бракот е склопен на 1 мај 1967 година во Аладин хотелот во Лас Вегас, Невада.

9. Гевин Росдал и Гвен Стефани

Венчавката се случи на 14 септември 2002 година во „St. Paul Covent Garden“ во Лондон, Англија.

10. Џејми Хинс и Кејт Мос

Овој брак беше склучен на 1 јули 2011 година, во црквата Св. Петар во Саутроп, јужна Англија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag