1. Tower of London, Лондон.
Tower of London служел како затвор од 1100 година, па се до средината на 20-тиот век. Ова е најпознатиот затвор во Англија, во него биле затворени познати личности како Томас Мур, Ана Болеин, Кралот Хенри VI, Рудолф Хес итн.
2. Alcatraz, Сан Франциско, САД
Алкатраз е еден од најпознатите светски затвори кој сега е позната туристичка атракција. Од овој затвор не можело да се избега. Од 36-те луѓе кои се обиделе да избегаат, 23 биле фатени, 6 биле убиени, а 2 биле удавени. Останатите 5 не биле веќе никогаш видени и смета дека биле удавени. Алкатраз бил дом на многу опасни криминалци, како Ал Капоне и Машин Ган Кели. Овој затвор исто така е познат под името „The Rock”,
3. Chateau d’If Prison, Франција
Овој затвор е спомнат во познатата книга „Грофот на Монте Кристо” од Александар Дума. Тој злужел како политички и религиозен затвор. Побогатите луѓе добивале подобри услови од сиромашните.
4. Robben Island, Јужна Африка
Овој затвор е многу познат во Јужна Африка, негови затвореници биле легендарниот Нелсон Мандела, како и Кгалема Мотланте. Денеска е туристичка атракција која можете да ја посетите со фериброд од Кејптаун.
5. Devil’s Island, Гвинеја
Бил отворен во 1852 година од страна на Императорот Наполеон III. Затворениците кои се обидувале да избегаат се соочувале со реките со пирани во џунглите на Гвинеја. За автобиографијата на Хенри Шариер која ги опишува неговите многубројни обиди за бегство, подоцна беше направен филм, Papillon, во кој главните улоги ги толкуваат Стив Меквин и Дастин Хофман.