Најскапата книга на светот

popara11 октомври, 20111min00
0

Реткиот примерок на книгата „Птиците на Америка“ од орнитологот Џон Џејмс Удубон, која потекнува од 19-от век, засега претставува најскапата книга која се продала на аукција во историјата на аукциската куќа Сотби.

Имено, оваа книга постигна цена од 8.6 милиони евра, иако нејзината вредност се проценуваше меѓу четири и шест милиони. Новиот сопственик на оваа ретка книга е анонимен препродавач на стари книги.

Книгата има размер 90 на 60 сантиметри и во неа се опишуваат птиците кои можат да се најдат на континетот Америка (Јужна и Северна).

Жан Жак Удубон, попознат по своето англиско име Џон Џејмс Удубон, е еден од познатите орнитолози на 19-от век. Роден е на Хаити, додека оваа земја се наоѓала под француска колонијална власт, а потоа се преселил во САД, каде што добил и американско државјанство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag