Најскапиот развод во историјата

popara29 јуни, 20111min00
v210385p0

Холивудскиот актер и неговата сопруга постигнале договор за развод по две и пол години во брак. Договорот за разводот на Мел и Робин Гибсон, вклучува и поделба на имотот кој го поседуваат. Деталите од договорот не се објавени , а се проценува дека Гибсон тежи 900 милиони долари.

Поголемиот дел од парите ги заработил во брак, така што Робин по разводот ќе добие половина од заработката.

Се очекува дека Врховниот суд во Лос Анџелес, ќе го финализира договорот до август. Доколку судот пресуди поделба на имотот, оваа бракоразводна парница ќе биде една од најскапите во холивудската историја.

Рекордот за сега го држиСтивен Спилберг, кој на поранешната сопруга и плати 100 милиони долари, а се проценува дека Арнолд Шварценегер, ако се разведе од сопругата ќе и исплати 200 милиони.

Робин Гибсон го поднела барањето за развод во 2008 година, по 28 години брак. Двојката се раздели неколку дена по апсењето на Гибсон, поради возење во пијана состојба и анти-семитски изјави.

Гибсон  Робин имаат седум деца, а Гибсон има и ќерка од поранешната девојка Оксана.

Гибсон во март беше осуден на три години условна казна за семејно насилство и беше испратен на советување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag