Најскапото колаче на светот

popara13 декември, 20111min00
diamond-cupcake3

Колку сте спремни да платите за добар десерт? Доколку сакате да го пробате најскапото колаче на светот според Гинисовата книга на рекорди, ќе треба да издвоите „само“ 150.000 долари.

Рокс, ланец на продавници за изработка на накит од дијаманти од Шкотска, во соработка со слаткарницата Капкејт Глазгов, го создаде најскапото колаче на светот. Колачето изгледа како и секое обично колаче, но со таа разлика што ова мало слатко задоволство е попрскано со десетици мали дијаманти.

Најскапото колаче на светот е создадено со цел да го рекламира популарното шкотско шоу „Гламурозниот град“, а може да го порачате во продавницата на Рокс во Глазгов. Само внимавајте, затоа што дијамантите се навистина тешки за џвакање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma