Најскапото суши на светот – се разбира направено со злато и дијаманти!

popara12 декември, 20111min00
most-expensive-sushi

Еден амбициозен готвач од Филипините успеа да влезе во Гинисовата книга на рекорди откако го креираше најскапото суши на светот, кое е обвиткано со листови од вистинско злато и мали африкански дијаманти.

Ангелито Аранета успеа да создаде уште едно уникатено искуство наменето за богатите. Состојките не се многу различни во споредба со нормалните видови на суши, но во ова суши ќе најдете тенки листови 24 каратно злато кое може да се јаде, како и неколку мали афрички дијаманти од 0.2 карати.

Пет парчиња од ова суши ќе ве чинат 2750 долари, а може да го најдете во ресторанот во Манила каде што работи Аранета. Готвачот вели дека, и покрај „солената цена“ сушито се продава доста добро, бидејќи често се порачува при предложување на брак или пак шармирање на партнерката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma