Незнам како изгледа вашата соба, ама навистина посакувам овака да изгледа мојата соба. Ви го претставуваме уметничкото чудо на скулпторот Елена Климент, соба направена целосно од чоколади.
До идејата за оваа соба дошло кога еден шопинг центар во Калининград, Русија, решил да направи нешто уникатно за да ја прослави годишнината од своето постоење. Така менаџментот на трговскиот центар ја најмил Елена која успеала да создаде целосна соба направена од 420 килограми црно, млечно и бело чоколадо.
Собата е со површина од 20 метри квадратни, а во неа ќе најдете чоколадна софа, маса, тепих, вазна со цвеќиња и многу други секојдневни работи целосно изработени од чоколадо. 40% од собата е направена од темно чоколадо, 40% од млечно чоколадо и 20% од бело чоколадо.
Погледнете го ова ремек дело од кое ќе ви „потечат лиги“: