На 24 мај 1999 година, британецот Џон Еванс успеал да издржи цели 33 секунди на глава автомобил Мини кој тежел неверојатни 159,6 килограми. Еванс вели дека во својот живот на глава држел и се трудел да бидат во рамнотежа луѓе, книги и пива, но автомобилот досега му е најопасниот подвиг. Еден силен ветар и тоа најверојатно ќе било смрт за него.
Инаку Џон е џин. Висок е 2 метри и тежи 155,7 килограми. Но, она што всушност му помага да издржи толкава тежина е неговиот врат кој е долг 60 см. Значи, најмало лизгање или поместување би биле кобни за Џон од причина што неговите раце не се доволно силни за да го издржат товарот.